Вулкан на Камчатка во Русија исфрли пепел во висина од пет километри
- Вулканот Каримски на Камчатка на рускиот Далечен Исток денеска исфрли пепел во висина до пет километри, а пепелта може да покрие населени места, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Москва, 26 јуни 2024 (МИА) - Вулканот Каримски на Камчатка на рускиот Далечен Исток денеска исфрли пепел во висина до пет километри, а пепелта може да покрие населени места, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Во соопштението се наведува дека пепелта се шири во правец на северозападните населени места и дека е загрозен природниот резерват Кронотски.
Од Министерството посочуваат дека најверојатно до 28 јуни вулканот ќе продолжи да исфрла пепел што ќе падне врз населените места. паг/
Фото: МИА архива