• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри

Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри

Катанија, 7 јули 2024 (МИА) - Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри.

Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.

ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.

Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан