Вулверхемптон го отпушти менаџерот Гери О'Нил
- Гери О'Нил повеќе не е менаџер на Вулверхемптон. По поразот од Ипсвич пристигна очекуваната реакција на раководството на „волците“ кои треба да бараат нов тренер кој ќе го разбуди тимот и ќе се обиде што поскоро да ја напушти зоната за испаѓање.
Вулверхемптон, 15 декември 2024 (МИА) - Гери О'Нил повеќе не е менаџер на Вулверхемптон. По поразот од Ипсвич пристигна очекуваната реакција на раководството на „волците“ кои треба да бараат нов тренер кој ќе го разбуди тимот и ќе се обиде што поскоро да ја напушти зоната за испаѓање.
Со четири последователни порази од Бурнмаут, Евертон, Вест Хем и Ипсвич, „волците“ се заглавени на претпоследното место во Премиер лигата, а можните ривали - Кристал Палас, Евертон, Вест Хем полека се оддалечуваат и создаваат сè поголем разлика.
О'Нил е на клупата на Вулверхемптон од август 2023 година, минатата сезона беше задоволителна, но оваа е разочарувачка иако летово беа вложени 75 милиони евра за засилувања. Продажбата на Педро Нето во Челси (60 милиони евра) беше финансиски оправдана, но го врати тимот назад.
Медиумите на Островот пред неколку дена објавија дека управата на Вулверхемптон му понудиле на Жозе Мурињо пет милиони фунти плата за да дојде во клубот и да го напушти Фенербахче, но сепак пореално е некој друг да го преземе тимот. дс
Фото: Принтскрин