• среда, 09 октомври 2024

Втор пораз на Работнички во АБА 2

Втор пораз на Работнички во АБА 2

 

Нови Сад, 8 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарите на Работнички го претрпеа вториот пораз АБА 2 лигата откако вечерва загубија на гостувањето во Нови Сад од Војводина со 93-62 во рамки на 2.коло во групата Б.

Работнички од самиот почеток на натпреварот против фаворитот беше во резултатска негатива, која на полувремето изнесуваше – 9 поени (38-47), а достигна највисоки – 35 во четвртата четвртина (58-93).

Најефикасни во редовите на македонскиот состав беа Виктор Ефремовски со 17 и Стојан Ѓуроски со 15 поени.

Во рамки на 2 коло во АБА 2 лигата, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром в четврток на гостински терен ќе игра против Цедевита Јуниор во рамки на групата А, додека Пелистер на 15 октомври ѝ гостува на Подгорица во групата Ц. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан