Втор „Ноемвриски коњички турнир“ и финално коло во прескокнување пречки
- Во организација на скопскиот Коњички клуб „Илинден“ утре на теренот на Хиподром во Маџари ќе се одржат вториот „Ноемвриски коњички турнир“ и финално, шесто, коло од отвореното Државно првенст

Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) – Во организација на скопскиот Коњички клуб „Илинден“ утре на теренот на Хиподром во Маџари ќе се одржат вториот „Ноемвриски коњички турнир“ и финално, шесто, коло од отвореното Државно првенство во прескокнување пречки.
На програмата се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките од 1.00 до 1.20/1.40 метри.
Натпреварите започнуваат во 11 часот. ег/лв/