• вторник, 24 декември 2024

Втор ден предупредувачки протест во МИА

Втор ден предупредувачки протест во МИА

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) – Вработените во Медиумската информативна агенција денеска повторно излегоа на предупредувачки протест во 11 часот, за време на паузата, пред просториите на агенцијата.

И на вториот ден од предупредувачкиот протест, поддржан од ССНМ, тие ги повторија барањата упатени до Владата.

За најургентно го сметаат нивното барање за зголемување на платите за 30 отсто.

- Тоа е 2,5 пати помалку од 78-те проценти колку што изнесуваше последното зголемување на платата на функционерите. Додека за другите барања се потребни системски решенија, барањето за зголемување на платите е најлесно за решавање и треба само да се стави на дневен ред на седница на Владата, велат вработените од МИА.

Од ССНМ истакнуваат дека слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против дезинформации се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати, а според официјални податоци просечната нето-плата во мај 2023 година изнесуваше 36.465 денари додека платите на новинарите и медиумските работници во МИА се за повеќе од 6.000 денари помали од просекот.

Протестот на вработените во Медиумската информативна агенција ќе продолжи и во следните денови, се до исполнување на барањата.

- Доколку не ни се исполнат барањата, постои можност и за радикализација на изразување на револтот, велат од агенцијата. ир/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан