Второто полугодие учениците во подрачното училиште во село Добрејци го почнаа во реконструирано училиште
- Учениците и вработените во подрачното основно училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци второто полугодие го почнаа во целосно реконструиран објект каде се изведува настава од прво до петто о
Струмица, 1 февруари 2022 (МИА) - Учениците и вработените во подрачното основно училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци второто полугодие го почнаа во целосно реконструиран објект каде се изведува настава од прво до петто одделение за 55 ученици.
На првиот училишен ден од продолжението на учебната година присустуваше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека со реконструкцијата е решен повеќегодишен проблем и од објект со лоши услови за настава сега тоа е прекрасен училишен објект.
-Со реконструкцијата, којашто започна во септември минатата година, извршено е комплетно отстранување на малтерот од надворешната и внатрешната страна на објектот, оштетениот таван се замени со нов плафон, заменета е подната облога, нова инсталација за затоплување, комплетна реконструкција на санитарниот јазол, решавање на проблемот со влага и обезбедување на пристап на лица со посебни потреби, истакна Костадинов.
За директорката на ООУ „Сандо Масев“, Драгица Спасова, заложбите и ангажманот на Општината и Министерството за обрзование и наука даваат надеж дека условите во образовните институции се повеќе ќе се подобруваат и се адекватни за изведување на нормален воспитно-образовен процес.
Реконструкцијата на училиштето е во вредност од 6.745.949 денари добиени со аплицирање од страна на училиштето до Секторот за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука на јавен повик со целосно разработен елаборат со комплетна техничка документација и со урбанистичка дозвола.рт/мд/