• сабота, 06 декември 2025

Втора теристичка дезинсекција на 8 јули во Македонска Каменица

Втора теристичка дезинсекција на 8 јули во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 7 јули 2025 (МИА) - Во ноќните часови на 8 јули, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе втора теристичка дезинсекција, информираат од општината.

Како што соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски, третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки, широкопојасен инсектицид одобрен од надлежните институции. Средството е наменето за уништување на возрасни единки на комарци.

– Дезинсекцијата ќе се реализира во доцните вечерни часови за да се минимизира влијанието врз секојдневието на граѓаните. Во случај на неповолни временски услови, активноста ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот следен погоден термин, истакна Атанасовски.

Општина Македонска Каменица како што додаде останува посветена на заштитата на јавното здравје и обезбедување на хигиенски побезбедна животна средина за сите граѓани. вс/сст/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан