• петок, 27 декември 2024

Вселенското летало на „Вирџин галактик“ полетува денеска

Вселенското летало на „Вирџин галактик“ полетува денеска

Лондон, 10 август 2023 (МИА) - Вселенското летало на компанијата „Вирџин галактик“ денеска ќе полета во Вселената, а во него како патници се 80-годишен поранешен британски олимпиец, студентка од Шкотска и нејзината мајка.

Цената на билетот беше 450.000 долари. Леталото ќе достигне висина од околу 85 километри над Земјата. Анастејша Мајерс и нејзината мајка Кејша Шахар освоија билети на натпревар одржан по повод патувањето, а Џон Гудвин (80) од Њукасл, го купи својот билет во 2005 година и ќе стане второто лице со Паркинсонова болест кое ќе отиде во Вселената. 

Лансирањето на „Вирџин Галактик 02“ е планирано за 16:30 часот по македонско време.

Ова, инаку, е втор комерцијален вселенски лет на компанијата - првиот беше лани во јуни кога италијанското воздухопловство и научниците спроведоа експерименти во бестежински услови во мисија од 70 минути.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан