• сабота, 23 ноември 2024

Вселенското излегување на космонаутот Олег Артемиев прекинато поради проблем со костимот

Вселенското излегување на космонаутот Олег Артемиев прекинато поради проблем со костимот

Хјустон, 18 август 2022 (МИА) - Излегувањето во вселенското пространство на рускиот космонаут Олег Артемиев беше прекинато поради проблеми со неговиот вселенски костим.

Контролата на мисијата на Артемиев му наредила да се врати во Меѓународната вселенска станица откако проблемот бил забележан. Подробности сѐ уште не се соопштуваат, но според американската вселенска агенција НАСА, забележана е „мала флуктуација“ во батеријата на оделото. Космонаутот потоа безбедно се вратил во МВС, приклучен на напојувањето на Станицата и продолжил со операциите. НАСА соопшти дека Артемиев „не е во опасност“ и покрај непредвидената појава. Тој и неговиот колега Денис Матвеев работеа на опремување на роботската рака на Европската вселенска агенција (ЕСА) со камери и друга опрема. Иако се чини дека станува збор за помал инцидент, сепак сѐ тоа враќа непријатни спомени... Италијанскиот астронаут Лука Пармитано доживеа проблем со костум за време на две вселенски излегувања во јули 2013 година, а првото вклучуваше „протекување“ кое мина незабележано. Поради сѐ ова, НАСА тогаш привремено ги суспендираше сите неитни излегувања во вселенското пространство.  си/ми/

Остани поврзан