• среда, 19 март 2025

Врховниот суд на Франција одобри верски церемонии со повеќе од триесет верници

Врховниот суд на Франција одобри верски церемонии со повеќе од триесет верници
Париз, 29 ноември 2020 (МИА) - Владата на Франција мора во рок од три дена да ја промени својата одлука за бројот на верниците кои можат да присуствуваат на верските церемонии, одлучи денеска Државниот совет (Врховен управен суд), јави дописникот на МИА. Католичката црква, која преку Конференцијата на епископите во Франција и архиепископот во Париз, Мишел Опетит, сметаа дека ова ограничување е непропорционално и дека слободата на вероисповедта не е од „иста природа како и другите “. Но, ако останат затворени кината или театрите, а во црквите ќе можат да присуствуваат повеќе од 30 верници тогаш слободата на вероисповедта има посебен статус и бара посебна заштита, повеќе од другите слободи на изразување. тг/ми/

Остани поврзан