• среда, 25 декември 2024

Врховниот суд на САД го поништи законот за абортус на Луизијана

Врховниот суд на САД го поништи законот за абортус на Луизијана
Вашингтон, 29 јуни 2020 (МИА) - Врховниот суд на САД денеска го поништи рестриктивниот закон за абортус на државата Луизијана. Претседателот на судот, Џон Робертс, умерен конзервативец, им се приклучи на своите либерални колеги и законот беше поништен со пет спрема четири гласови. Врз основа на текст усвоен во 2014 година, лекарите кои вршеле абортуси мораа да добијат одобрение за работа во болница која не е оддалечена повеќе од 50 километри од местото на интервенцијата. Поддржувачите на законот истакнуваа дека станува збор за заштита на жените во случај на компликации, меѓутоа, застапниците на правото на жената на абортус истакнуваа дека според тој закон, две третини од болниците кои вршат абортуси во Луизијана ќе мора да бидат затворени. Законот на Луизијана беше сличен на законот донесен во Тексас, кој беше укинат од Врховниот суд во 2016 година, оценувајќи го како премногу строг. јт/

Остани поврзан