• сабота, 23 ноември 2024

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава 

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава 

Вашингтон, 20 декември 2023 (МИА) - Врховниот суд на Колорадо донесе одлука со која забрани претседателскиот кандидат Доналд Трамп да се најде на гласачкото ливче за избор на претседател во таа држава бидејќи на 6 јануари 2021 година тој извршил востанички активности. 

Противниците на Трамп одлуката ја окарактеризираа како историска и укажаа дека ова може да спречи тој да учествува на изборите, и да победи, за што води кампања повеќе од една година. 

Од изборниот штаб на поранешниот претседател одлуката ја нарекоа недемократска и веднаш ја дадоа на апелација на Врховниот суд на САД.  

Одлуката е заснована на статија од Уставот внесена во 1868 година која спречува избрани државни офицери кои кренале востание против САД да дојдат на власт. 

Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024 година, пишува Вашингтон пост. 

- Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција Претседател според Делот три од Четиринаесеттиот Амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави, се вели во одлуката. 

- Затоа што тој е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче, се додава.

Врховниот суд на САД решава и по друга апелација на Трамп според која тој бара имунитет во еден од неговите случаи на злосторство - обвинението подигнато во Вашингтон од специјалниот обвинител Џек Смит, а поради незаконски обид да ја спречи победата на претседателот Џо Бајден на изборите во 2020 година. Трамп негира дека направил какво и да било злосторство. 

Врховниот суд на САД е повисока инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска. кб/паг/ 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан