• вторник, 19 ноември 2024

Врховниот лидер на талибанците бара од новата влада да го спроведува шеријатскиот закон

Врховниот лидер на талибанците бара од новата влада да го спроведува шеријатскиот закон
Кабул, 7 септември 2021 (МИА) - Врховниот водач на талибанците Хибатула Акунџада, кој ретко се појавува во јавност, денеска побара од новата авганистанска влада да го применува шеријатскиот закон, пренесува Бета. „Ги уверувам сите наши сограѓани дека владата ќе се стреми да ги почитува исламските правила и шеријатските закони во земјата“, рече Акунџада во соопштението издадено на англиски јазик. Талибанците денеска го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници. ссм/

Остани поврзан