Врховната рада тврди дека Русија украла 500.000 тони жито од Украина
- Врховната рада ја обвини Русија дека украла повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани украински региони
Киев, 26 јуни 2022 (МИА) - Врховната рада ја обвини Русија дека украла повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани украински региони.
Според украинскиот Парламент, руските сили ги присвоиле резервите со жито од црноморскиот пристаништен град Херсон и од градот Запорожје, југоисточна Украина.
- Се утврди дека втората армија во светот се лажговци, разбојници, силувачи и крадци, се наведува во твитот објавен од Врховната рада. ми/
https://twitter.com/ua_parliament/status/1541069424421126144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541069424421126144%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fukrajinski-parlament-rusi-su-nam-ukrali-500-tisuca-tona-zita%2F2375078.aspx