• среда, 25 декември 2024

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Токио, 17 јуни 2022 (МИА) - Врховниот суд во Јапонија денеска одлучи дека владата не е одговорна за отштетата што ја бараат луѓето чии животи беа уништени од нуклеарната катастрофа во Фукушима, што е прва ваква пресуда во серијата слични случаи.

Тужителите во повеќе колективни судски процеси бараа отштета од фирмата „Тепко“ која стопанисуваше со електраната, како и од државата.

Во март, Врховниот суд ја потврди одлуката на понискиот суд за Тепко да плати отштета од 1,4 милијарди јени на околу 3.700 луѓе.

Пониските судови во своите одлуки беа поделени околу степенот на одговорност на владата во предвидувањето на катастрофата и наредбата на компанијата да преземе мерки за да ја спречи.

Масовно цунами предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени во близина на североисточниот брег на Јапонија на 11 март 2011 година ја погоди нуклеарната централа Фукушима и ја предизвика најлошата нуклеарна катастрофа од Чернобил, принудувајќи околу 470.000 луѓе да се евакуираат во првите денови по катастрофата, а десетици илјади и сега не можат да се вратат. паг/

Остани поврзан