• понеделник, 23 декември 2024

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 јануари годинава одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.

- Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.02.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-53/22 од 18.05.2023 година, поднесени од осудените М.J. и К.М., ги одби како неосновани, информираат денеска од Врховен суд. 

Врховен суд на Република Северна Македонија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан