• сабота, 27 јули 2024

Времето облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат попладне и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 17 степени.

- Утре и во четврток ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево. Во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан