• среда, 25 декември 2024

Времен режим на сообраќај на улица „Даме Груев“ поради изведба на градежни активности

Времен режим на сообраќај на улица „Даме Груев“ поради изведба на градежни активности

Скопје, 7 мај 2023 (МИА) - Поради изведба на градежни активности за асфалтирање со порамнителен слој на асфалтна маса на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје информираат дека времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена едната коловозна лента.

-ЈП „Улици и патишта“ - Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, се вели во соопштението. мс/цр

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан