Времен режим на сообраќај на патот Маврови Анови - Жировница од 14-ти овој месец
- Почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена од 10 до 14 часот ќе се воспостави времен режим на сообраќај на регионалниот пат Маврови Анови - Жировница поради асфалтирање на делниц

Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) - Почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена од 10 до 14 часот ќе се воспостави времен режим на сообраќај на регионалниот пат Маврови Анови - Жировница поради асфалтирање на делницата.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница.
-Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови - Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштвото за градежништво Пелагонија АД, Гостивар, се наведува во соопштението на АМСМ. бк/