• недела, 28 јули 2024

Времен режим на сообраќај на крстосница бул. „АСНОМ“  со ул. „Февруарски Поход“ 

Времен режим на сообраќај на крстосница бул. „АСНОМ“  со ул. „Февруарски Поход“ 

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје најави дека денеска во 8:30 часот  екипи одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар „АСНОМ“ и  улицата „Февруарски поход“. 

За време на изведување на работите  сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.

- По должината на улица „Фебруарски Поход“ ќе нема прекин во сообраќајот, но е се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.„АСНОМ“ кон ул.„Февруарски Поход“ ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента,  а и околните сообраќајници околу паркиралиштата, соопштија од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан