• недела, 25 август 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Времето во земјава наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до нула, а дневната од минус 8 до 18 степени. Во Скопје наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 15 степени. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер. Од вечерта кон четврток од запад ќе започнат врнежи кои ќе бидат претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток од изутрина, особено во западните делови и на север врнежите од дожд понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег.

Остани поврзан