• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час). Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 16 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 11 степени. Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на идната недела ќе настапи стабилизирање на времето.

Остани поврзан