• среда, 28 август 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде облачно, а попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови. Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 17 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 15 степени. И во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

Остани поврзан