• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а дневната од  22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени. За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан