• среда, 28 август 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 22 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Вдолж Повардарието повремено повторно ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Остани поврзан