Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд , попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд , попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од 15 до 23 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.