• сабота, 23 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 19 до 24 степени. Во Скопје, слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степена. Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.

Остани поврзан