Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 22 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.
Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.