• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 26 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 29 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и засилување на ветерот. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 30 степени. Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Остани поврзан