Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и зас

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната од 17 до 24 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.