• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава во текот на ноќта и утре ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи (над 20л/м2), наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 24 степени. Во среда условите за нестабилност ќе се намалат, а ќе преовладува посончево и топло време со засилен северен ветер. Од четврток попладне повторно ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан