• вторник, 24 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 25 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 27 степени. Во недела претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Остани поврзан