• вторник, 26 ноември 2024

Времената депонија кај Гевгелија ќе добива струја од фотоволтаични панели

Времената депонија кај Гевгелија ќе добива струја од фотоволтаични панели
Гевгелија,16 јули 2020 (МИА) - На времената комунална депонија кај гевгелиското село Ново Конско почна поставувањето на фотоволтаични панели што е последна обврска на општина Гевгелија која се реализира, откако беше уреден и пристапниот пат до најсовремениот комунален капацитет во земјава. --Со изградбата на патот, помогната од средства што ги добивме од Меѓународната организација за мигранти и обезбедувањето на панелите со општински средства ќе ги обезбедиме сите услови за ставање во функција на времената депонија, рече градоначалникот Сашо Поцков. Тој нагласи дека до крајот на јули Министерството за животна средина ќе го распише и тендерот за ревитализација на дивата депонија покрај Сува река со која паралелно ќе се става етапно во функција новата времена депонија за комунален отпад. Ревитализацијата на старата депонија предвидува префрлање на ѓубрето до новата депонија, заштита на Сува река и нејзиното крајбрежје од загадување и уредување со зелени површини на целиот простор до устието на реката Вардар.им/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан