ВРЕДИ: Рурална трансформација со дела, 99,7 милиони денари за 1.865 земјоделци
- ВЛЕН продолжува да ги претвора зборовите во дела, а визијата во реалност! Благодарение на непоколебливата посветеност на заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа, извршени се директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија, како дел од Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Скопје, 26 јули 2025
ВЛЕН продолжува да ги претвора зборовите во дела, а визијата во реалност! Благодарение на непоколебливата посветеност на заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа, извршени се директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија, како дел од Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува во интегрална форма.
Ова е една од најзначајните и најдиректни инвестиции во земјоделството, која ја претставува филозофијата на управување на ВЛЕН: правична застапеност, рамномерен развој и економско достоинство за секој граѓанин!
Оваа поддршка е конкретен доказ за јакнење на локалните земјоделци, зголемување на локалното производство и враќање на довербата во државните институции. Со овој голем чекор, албанското земјоделство влегува во нова фаза, помодерно, позаштитено и поподдржано од кога било досега.
ВЛЕН гради политики за развој што ги вклучуваат сите, без разлика, и поставува нови стандарди во функционирањето на државата. Со институционален пристап, висока одговорност и континуирана посветеност, ВЛЕН ја трансформира секојдневната реалност на земјоделците во гордост и економска сигурност.
За земјоделство што ВРЕДИ, за држава што претставува!
Центар за комуникации на ВРЕДИ
Фото: МИА архива