• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВРЕДИ: Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово

ВРЕДИ: Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово

Скопје, 25 јули 2025

ВЛЕН сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со „планот од 9 точки" за Косово. Наместо да ја користи својата позиција за унапредување на мирот, стабилноста и суверенитетот на Косово, Османи се претвори во инструмент за промоција на интересите на Белград и режимот на Александар Вучиќ, се вели во соопштението на ВРЕДИ кое МИА го пренесува интегрално.

Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвараа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово.

Најпроблематични точки од дејствување на Бујар Османи кон Косово се:
Повикување на оставки на легитимно избрани градоначалници, што претставува опасен преседан со кој се казнува демократскиот процес само затоа што резултатите не и одговараат на Србија.
Условување на Косово да ги повлече безбедносните сили од сопствена територија, додека за Србија се бараше само симболично „намалување на борбената готовност“, што го нарушува принципот на еднаквост и суверено делување.
Наметнување на ОБСЕ како посредник во изборните процеси, иако Косово е независна и функционална држава со сопствени институции и изборен механизам.

Сето ова е дел од опасна стратегија за репакување на старите барања за „асоцијација на српски општини“, со кои се отвора пат за создавање на „Република Српска“ во Косово. Чуден е ангажманот на Бујар Османи во таа насока. Таквите модели промовирани од него, наместо да го гарантираат мирот, го цементираат влијанието на Србија и ги продлабочуваат поделбите.

Бујар Османи, кој требаше да биде дипломат од регионален интерес за Албанците, стана гласноговорник на Вучиќ. Наместо да ги штити правата и интересите на Албанците во Македонија и во регионот, тој отворено работеше против нив и во Косово, и во Македонија.

Граѓаните на Косово имаат право на самостојност, без мешање, условувања и тајни договори на трета маса. Косово не смее да биде предмет на калкулантски надворешнополитички потези, ниту монета за поткусурување на ничии кариери

ВРЕДИ

Фото: МИА архива

Остани поврзан