• петок, 08 ноември 2024

Врачено Уверението за градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска

Врачено Уверението за градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Изборната комисија на Град Скопје денеска го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата. Во понеделник, 8 ноември, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето. Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7.915 гласови, а во вториот круг имаше предност од 28.130 гласа пред својот противкандидат. бт/дма/

Остани поврзан