• среда, 27 ноември 2024

Вработен во банка во Луисвил убил петмина свои колеги, а нападот го пренесувал во живо на Инстаграм

Вработен во банка во Луисвил убил петмина свои колеги, а нападот го пренесувал во живо на Инстаграм

Луисвил, 11 април 2023 (МИА) - Конор Старџен (25), вработен во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, уби петмина свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар.

Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Инстаграм.

Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека се уште се слушале истрели во зградата на банката и во размената на оган го елиминирала напаѓачот.

Во престрелката се ранети девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, кои се пренесени во болница.

Подоцна ранета жена почина во болница, а еден од ранетите полицајци, 25-годишен маж, е во критична состојба, соопшти болницата во Луисвил.

Мотивот на напаѓачот засега не е познат.

Мета, компанијата сопственик на Инстаграм, соопшти дека веднаш го отстранила видеото од убиството во Луисвил. сд/

фото: Линкедин

 

Остани поврзан