• вторник, 24 декември 2024

Вработена во продавница во Свети Николе осомничена за плаќање со туѓа картичка

Вработена во продавница во Свети Николе осомничена за плаќање со туѓа картичка

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Вработена во продавница во Свети Николе се сомничи за плаќање со туѓа картичка, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П., на возраст од 20 години, од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На работното место во продажен објект во Свети Николе, пријавената задржала банкарска картичка, што ја заборавило лице од Свети Николе, по што во периодот од 11.01.2024 до 16.01.2024 извршила повеќе плаќања, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.235 денари, појаснуваат од МВР. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан