• среда, 27 ноември 2024

Во 2023 година, украинската економија забележа раст од 5,3 отсто на годишно ниво

Во 2023 година, украинската економија забележа раст од 5,3 отсто на годишно ниво

Киев, 28 март 2024 (МИА) - Во 2023 година украинската економија забележа годишен раст од 5,3 отсто, објави денеска Државната служба за статистика на Украина.

Во соопштението се потсетува дека украинската економија претходно падна за 28,8 отсто на годишно ниво во 2022 година.

Државната служба за статистика на Украина појасни дека БДП на Украина во првиот квартал од 2023 година паднал за 10,3 отсто на годишно ниво. Потоа, дојде до пресврт и во вториот квартал од 2023 година, економијата на Украина порасна за 19,2 отсто на годишно ниво, во третиот квартал за 9,6 отсто и во четвртиот квартал за 4,7 отсто.

Економијата на Украина во голема мера зависи од финансиската помош од Западот, а средствата од САД се уште не се одобрени од американскиот Конгрес.

Украинскиот министер за финансии, Серхи Марченко неодамна изјави дека е оптимист за ова прашање и верува дека американскиот пакет помош ќе биде усвоен во април. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан