• сабота, 23 ноември 2024

Во 2022 година околу половина од вкупниот извоз и увоз направен од првите 50 претпријатија

Во 2022 година околу половина од вкупниот извоз и увоз направен од првите 50 претпријатија

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 90 отсто од вкупната стоковна размена на земјава во 2022 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан