• среда, 27 ноември 2024

Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК

Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на девет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија. Во прв круг избрани се: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите, Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со 53,21% од гласовите, Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со 71,16%. Во прв круг за градоначалник на Богданци е избран Блаже Шапов од СДСМ со 50,70% пред Марјан Пеев од ВМРО-ДПМНЕ со 41,65% од гласовите, на Виница Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ со 55,39% пред Ивица Димитров со 39,14%, на Валандово Перо Костадинов од СДСМ со 57,73% пред Тони Узунуов од ВМРО-ДПМНЕ со 37,32%, на Зрновци Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,54% пред Виктор Анѓелов со 40,57%, на Могила Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,28% пред Јасмина Гулевска од СДСМ со 36,81%, на Пласница Алија Јаоски од ДУИ со освоени 76,65% пред Абдулваит Карамалески од ДПТМ со со 20,64% и на Липково е избран кандидатот на ДУИ Еркан Арифи со 72,59% пред Арсим Идризи од АА/А со 17,04% од гласовите.аа/са/

Остани поврзан