• вторник, 24 декември 2024

Во Њујорк прва голема ретроспектива по смртта на Карл Лагерфелд

Во Њујорк прва голема ретроспектива по смртта на Карл Лагерфелд

Њујорк, 3 мај 2023 (МИА) - Во Метрополитен музејот во Њујорк, САД, на 5 мај ќе биде отворена првата голема ретроспектива по смртта на модниот дизајнер Карл Лагерфелд.

Познат како „креаторот-камелеон“, Лагерфелд остави голем белег на светската мода и култура. Дизајнерот, кој почина во 2019 година, беше 60 години во модата - во куќи за висока мода како „Шанел“ за која работеше од 1983 до 2019 година, „Фенди“ (1964 - 2019) и „Клои“ (1963 - 1983). Кустосот Ендрју Болтон вели дека Лагерфелд работел за модните куќи прилагодлив „како камелеон“, со различни стилови.

- Лагерфелд беше целосен креатор, зашто тој правеше сè - облека, модни детали и козметика, што успеваше да ги спои уметноста и трговијата и измисли успешни модели на работа во модната индустрија, додаде Болтон.

Ретроспективата насловена „Карл Лагерфелд: Линија на убавината“ (Karl Lagerfeld: A Line of Beauty) ќе трае од 5 мај до 16 јули и ја истражува двојноста на уметникот, мајстор на иновациите. На изложбата ќе бидат претставени 150 парчиња облека и цртежи.  си/паг

Фото: ЕПА

Остани поврзан