• вторник, 24 декември 2024

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Скопје, 7 август 2023 (МИА) – Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари.   

-Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан