• среда, 27 ноември 2024

Во Јапонија туна продадена за 257.000 евра

Во Јапонија туна продадена за 257.000 евра

Токио, 5 јануари 2023 (МИА) - Туна тешка 212 килограми е продадена за 36 милиони јени (257.000 евра) на новогодишна аукција во Токио. На наддавањето, рибата достигна двојно повисока цена од минатата година.

Ова укажува на тренд на закрепнување на пазарот по три години пад на цените поради пандемијата.

Инаку, рекордот за тоа на пазарот во Токио е 2,7 милиони евра за туна тешка 278 килограми. Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, познат како „кралот на туната“, платил толку во 2019 година.  си/ссм/

Остани поврзан