• среда, 29 јануари 2025

Во Штутгарт приведен 59 навивачи на ПСЖ

Во Штутгарт приведен 59 навивачи на ПСЖ

Штутгарт, 29 јануари 2025 (МИА) – Германската полиција во Штутгарт приведе 59 навивачи на Пари Сен-Жермен пред вечерашниот меѓусебен дуел во Лигата на шампионите. 

Според „RMC Sport“, ситуацијата во центарот на Штутгарт синоќа била тензична поради активноста на ултрасите од двата тима, а навивачите на Штутгарт биле придружувани од околу 50 жестоки навивачи на Сент Етјен. Полицијата ги приведе гостинските навивачи за да спречи сериозни инциденти.

Се известува и дека безбедносните мерки ќе бидат засилени на денот на натпреварот на кој се очекува да присуствуваат 3.300 навивачи на ПСЖ.

Натпреварот Штутгарт – ПСЖ е закажан за вечер во 21 часот. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан