• среда, 25 декември 2024

Во Штип утре прва акција за прскање против големи комарци

Во Штип утре прва акција за прскање против големи комарци

Штип, 29 мај 2023 (МИА) - Општина Штип утре ќе ја реализира првата акција за прскање против големи комарци, а третирањето против овие инсекти е почнато во април и веќе се реализирани две ларвицидни акции.

Во соопштението на Општина Штип стои дека утре, 30 мај, преку овластена фирма, на територија на Штип ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се реализира од 1 до 7 часот.

-Со дезинсекција ќе бидат опфатени сите зелени површини во Општина Штип, подрачјата по теченијата на реките Брегалница и Отиња, околу каналниот систем, урбаните населби и локалитети, се вели во соопштението од Општина Штип.

Во случај на неповолни временски услови, како што се ветар или дожд, акцијата ќе биде одложена за наредниот поволен ден. Од Општина Штип апелираат пчеларите да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите.

За оваа година според Програмата предвидени се пет земјени прскања против ларви, потоа петпати ќе се прска од земја против големи комарци, а во јуни, јули и август ќе има и авионско прскање.

МИА претходно информираше дека за оваа намена Општина Штип ќе потроши околу два милиони денари. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан