Во Штип трибина на ВМРО-ДПМНЕ ,,Современи образовни политики“
- Образование без воспитна функција нема, а мислам таа функција како да ја снемува. Најважно е да ги научиме децата, средношколците, студентите да размислуваат критички да размислуваат, да критикуваат, рече професор Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип во организација на партијата, а на тема ,,Современи образовни политики".
Штип, 11 мај 2023 (МИА) - Образование без воспитна функција нема, а мислам таа функција како да ја снемува. Најважно е да ги научиме децата, средношколците, студентите да размислуваат критички да размислуваат, да критикуваат, рече професор Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип во организација на партијата, а на тема ,,Современи образовни политики".
-Ние имаме многу образовни институции кои не само што не можат да одат кон Шангајската листа, туку одат и надолу. За почеток треба да знаеме дека во основно треба да ги научиме да размислуваат низ игра, а и сами да носат заклучоци, а и да ги оценуваат учителите. Најважно е учителите да се добри педагози да ги сакаат децата, средношколците, студентите така ги поттикнуваат да учат, рече Силјановска Давкова.
Според професорката, мора да се вратиме на линијата на градење на вистински однос кон образованието, а притоа власта не прави основни работи.
-Не знам колку пати кога се носел буџетот сум барала од министрите кои не можам да ги запомнам има две згради кои ги започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, едната е зградата за ФИНКИ и едната за факултетот за физичка култура довршете ги и пресечете една лента. Тоа е многу важно за студентите, за условите во кои учат, посочи Силјановска Давкова.
Taa констатитраше дека во моментов незнаењето е сила и моќ.
Претседателот на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука, Весна Јаневска на вечерашната трибина во организација на партијата, насловена ,,Современи образовни политики“ зборувајќи за булингот и врсничкото насилство, рече дека и претходната министерка за образование и наука од СДСМ Царовска вршела насилство со тоа што од позиција на моќ одлучила да го укине предметот историја, иако како што рече цела јавност реагираше на тоа.
-Ќе направам еден компарација и ќе ја спомнам концепцијата на Мила Царовска која во еден многу сензитивен момент за нашето општество и држава, реши да го укине предметот историја, без разлика што реагираше јавноста, родителите, наставници, ученици таа без око да и трепне ја потпиша концепцијата. И тука има разлика на моќ и една личност врши насилие над многу други личности, речиси на цела нација, истакна Јаневска.
Потенцираше ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која што може да спроведи антибулинг.
-Ќе спроведеме и вистински антибулигн програми со кои што од најмала возраст ќе ги учиме нашите деца на етика, морал, на добро однесување, на почитување на знаењето и повозрасните, децидна е Јаневска. На трибината се обрати и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. вдј/