• петок, 27 декември 2024

Во Штип се одржа форумска сесија за утврдување на приоритетна листа на предлог-проекти

Во Штип се одржа форумска сесија за утврдување на приоритетна листа на предлог-проекти

Штип, 6 декември 2023 (МИА) - Во организација на Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска во Штип се одржа прва форумска сесија за утврдување на приоритетна листа на предлог-проекти. На форумската сесија присуствуваа околу 80 претставници од 11 општини од Брегалничкиот регион. На приоритетната листа беа ставени проектите пешачко-велосипедски патеки кај Беровско Езеро, доуредување на „Езерце“ во Пехчево, поплочување на улиците во штипско Ново Село, кои се дел од проектите за кои минатата недела се потпишани договорите, а кои ќе се реализираат во текот на 2024 година.

Директорката на Центарот за развој на Источно плански регион, Зуица Ангелова истакна дека проектите произлегле како приоритетни решенија од регионалните форуми во 2022 и 2023 година.

-Тоа што ќе се работи во 2024 година ќе биде: инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти низ пет општини во регионот, ќе се работи во делот на туризмот, доуредување на барски еко-систем „Езерце“, пешачко-велосипедски патеки низ Беровско Езеро, рекреативен центар во село Пишица и завршување на проектот во однос на поплочување на улиците во Ново Село, а проект којшто го имаме на резервната листа е осветлување на паркови површини и уште еден спортско-рекреативен центар, вели Ангелова.

Центарот за развој на Источниот плански регион го започна и новиот циклус со денешниот Регионален форум на кој се идентификуваа приоритетни области каде има регионални  проблеми за кои се предлагаат проекти. Предлог-проектите треба да влезат во програмата 2024 или 2025 година.

-На денешниот настан приоритет ќе дадеме на идентификација на регионалните проблеми на коишто ќе им се понуди решение за реализација преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година. Некој вкупен орентационен буџет за Програмата за Источниот плански регион е 50 милиони денари и минималниот праг на предлог-проект е шест милиони денари, додава Ангелова.

На денешниот Форум присуствуваа 80 претставници од администрацијата при локалните самоуправи, бизнис секторот, невладиниот сектор и претставници од образовни, социјални и здравствени институции. вдј/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан