• среда, 27 ноември 2024

Во Штип се градат пешачки конзоли на улицата „Маршал Тито“

Во Штип се градат пешачки конзоли на улицата „Маршал Тито“

Штип, 28 март 2023 (МИА) - Почна изградбата на конзолите на реката Отиња на улицата „Маршал Тито“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека градежната компанија од денеска започнува со градежните активности на потегот од хотелот „Оаза“ до црквата „Свети Никола“.

-Станува збор за проширување на улицата „Маршал Тито“, со што централното градско подрачје ќе биде функционално. Паралелно ќе се работи на изградба на мост на реката Отиња, кој ќе се протега од хотел „Оаза“ до гимназијата „Славчо Стојменски“. Во наредниот период очекувам да започне и да заврше тендерската постапка за изградба на овој мост, вели Јорданов.

Инвестицијата за изградбата на пешачките конзоли на реката Отиња, со цел да се прошири коловозот на улицата „Маршал тито“ е 11, 5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

Јорданов денеска најави по завршување на овој проект, општината ќе продолжи со изградба на конзоли од училиштето „Ванчо Прќе“ до зградата на судот во Штип. Проширувањето на коловозите на улиците „Маршал Тито“ и „Васил Главинов“ е со цел да има побрз проток на сообраќајот, бидејќи овие две улици се централно градско подрачје и водат кон регионални институции, меѓу кои и Клиничка болница-Штип. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан